среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Дескоски: И со договор останавме вештачка нација, а никој не се буни

Професорот Тони Дескоски реагира на официјалната позиција на Грција за Македонија според која македонската нација е вештачка творба.

“Договорот од Преспа е потпишан но се уште нема промена во однесувањето и тонот на Хеленската Република кон Македонија. Ние сме се уште “вештачка и измислена Македонска нација” според нив. Всушност никој од наша страна никогаш не се пожалил на оваа навредлива изјава”, вели професорот Дескоски кој е сопруг на министерката за правда Рената Дескоска.

Реакцијата на Дескоски кој беше дел од правниот тим на Македонија кој донесе осуда за Грција пред меѓународниот суд на правдата во Хаг се однесува на официјалниот став за Македонија објавен на веб страната на грчкото МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top