четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

„Радио Марија Македонија“, првото верско радио во Струмица

„Се објавува јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радиоемитување на програмски сервис наменет за христијанското население на подрачјето на општина Струмица, на локално ниво, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ, и тоа: 106.5 МHz“, пишува во последниот 136 број на „Службен весник“, каде е објавена е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитно радио на локално ниво.

Ова е првпат Советот на АВМУ да даде дозвола за медиум што речиси целосно ќе има програма со верска содржина. До Агенцијата биле доставени барања од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од организацијата „Марија Македонија“ за радиофреквенција за емитување ваква програма.

АВМУ направила студија за тоа дали има потреба за тоа, а АЕК известила дека на територија на општина Струмица има слободна фреквенција. Дозволата се доделува за временски период од 9 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top