петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 52 ново

350.000 евра за мебел – „МЕПСО“ ќе набавува фотељи, столчиња, кујни…

Мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици… треба да набави АД МЕПСО. Тендерот во кој главниот криетериум е најниската цена е веќе објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, пренесува „Инфомакс“. Вредноста на тендерот без ДДВ е 21.525.000 денари или повеќе од 350 илјади евра.

Во тендерот пишува дека набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа. Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за раководните лица. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top