сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Лежалките поскапи и од престојот: Каде ќе поминете само со кафе, каде добро ќе ви наплатат

Десет дена сончање на лежалките на Свети Стефан, Маестрал и Кралската плажа во Црна Гора чини и до 1.200 евра, бидејќи Црногорците за пар лежалки бараат и до 120 евра. Но, не е секаде толку скапо, ниту ексклузивно, па на плажите во Црна Гора има пар лежалки и за 10 до 15 евра. Колку се плаќа сенката во Грција, а колку во Албанија?

Луксуз и престиж или потреба

Зависно од плажата за која туристите ќе се одлучат, комплет лежалки во Црна Гора ќе платат од 10 до дури 120 евра. „Обичните“ туристи, оние кои не се гости на хотелот на компанијата „Адријатик пропертис“ кој е во сопствеништво на грчкиот бизнисмен Петрос Статиста, на Кралската плажа ќе ги дочека катанец на метар и пол висока ограда.

Од друга страна, на Кралската плажа стои натпис: „Користење на комплет за плажа е задолжително. Секој кој не ги почитува правилата ќе биде отстранет од плажата“. А цената е 120 евра за две лежалки. На Свети Стефан е нешто поевтино – 100 евра. На туристите ова би требало да им значи бидејќи за тие пари „бесплатно добиваат флаша вода и чинија полна овошје“.

Користењето на плажни реквизити е задолжително и на хотелската плажа под „Маестрал“, каде сет чадор и лежалки чинат „само“ 50 евра.

Туристите кои летото го поминуваат во Црна Гора се жалат што поголем број од плажите немаат простор за пешкири, бидејќи на тој начин црногорските угостители ги принудуваат да ги следат нивните изгор цени.

-Минатата година се донесени прописи по кои во рамки на секоја плажа мора да се остави простор за пешкири и се надеваме дека црногорските угостители тоа и ќе го испочитуваат-посочија од скопска агенција за Фактор.

Прочитајте го целиот текст таму. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top