сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Почина и мајката на загинатото двегодишно девојче, таткото заврши во дом за немоќни

Трагичен крај на ужасната судбина на семејството Приспиловиќ од Хрватска. По долго и тешко боледување вчера почина Санела, мајката на двегодишното девојче кое загина во сообраќајна несреќа во 2016 година. Во несреќата, која пред две години ја обви во црно цела Хрватска, таткото Жељко остана неподвижен. Поради лошата физичка и психичка состојба во која се наоѓа, тој веќе неколку месеци живее во Дом за стари и немоќни лица.

Нивниот осумгодишен син, кој е единствениот кој тоа кобно утро остана неповреден, денеска живее со неговите баба и дедо.

Тоа утро, 11 октомври 2016 година, таткото со ќеркичката во раце и неговиот син се упатувал кон автобуската постојка, кога на нив налетала 21-годишна девојка со нејзиниот автомобил. Синот во последен момент успеал да се тргне, а ударот од зад грб со тешки повреди го остави таткото неколку дена во кома. Девојчето почина на лице место.

Девојката подоцна е осудена на една година затвор, казна која била заменета со општествено-корисна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top