вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

На крушевчанец му застанало возилото – тие што му помогнале, потоа го ограбиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.М. од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“.

На 02.07. околу 03.45 часот кај селото Франгово пријавениот се понудил да му помогне на Ѓ.А. (48) од Крушево, при отстранување на дефект на минибус кој го управувал истиот.

Потоа двајцата се упатиле на бензинска пумпа во близина на населбата Теферич, и пријавениот му побарал на пари на Ѓ.А. затоа што му помогнал, по што физички го нападнал и му одзел 2.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top