четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 31 ново

После агонијата и неизвесноста, телото на загинатиот Милош стигна на Косово: Момчето денеска е погребано

Телото на момчето Милош Вукомановиќ (25), кој почина во вторникот по полноќ во Бечичи, стигна во средата навечер околу 22 часот во семејниот дом во Звечане. Тој е погребан денеска во 13 часот.

Откако ја примиле страшната вест за загинувањето на синот, семејството  Вукомановиќ се соочи со уште еден проблем. Имено на нив им барале косовски документи како синот би го донеле на Косово и би го погребале, бидејќи тој е државјанин на Србија.

После неколку часа агонија, Прштина најпосле дозволила телотот на Милош да биде пренесено на Косово.

Како што потврдил таткото на несреќното момче, телото на Милош стигнало во семејниот дом во среда во 22 часот.

Свршеницата на Милош, Снежана Рудинац(24) од Краљево, која е тешко повредена во несреќата, се уште се наоѓа на интензивна нега.

Милош и Снежана се враќале од работа во хотелот, кога на нив налетало возило со будвански регистрации, додека поминувале булевар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top