среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 3 ново

Како Иван Ракитиќ полуде по прекрасната келнерка (Фото)

Американскиот портал „The Plauers Tribune“ ја објави животната исповед на фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ.

Најинтересниот дел од неговата животна приказна е поврзан со сопругата Ракел. Судбината ги споила на неверојатен начин.

-Имам холивудска приказна, вистинска романтична комедија, која всушност е реална. Почнува со еден Хрват кој влегува во бар. Беше тоа 2011 година. Тогаш имав само 21 година. Допатував во Шпанија релативно доцна, околу 22 часот. Дојдов за наредниот ден да потпишам договор со Севиља. Беа закажани медицински прегледи и потпишување на договорот. Мојот постар брат Дејан патуваше со мене. Кога стигнавме во хотелот, имав вечера со некои луѓе од клубот. Бев нервозен таа вечер, знаев дека нема да можам веднаш да заспијам, па го замолив брат ми да одиме некаде на пијалак. Таа вечер ми се промени животот, вели Ракитиќ и ја продолжува приказната.

❣🔗❣ @ivanrakitic #siemprecontigomivida#vamoscroacia🇭🇷#APortodas💪🏻

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

-Жената која тогаш работеше во барот на хотелот беше… вау. Тоа е дел од филм каде што сè оди забавено, ме разбирате? Беше прекрасна. Си реков во себе ок, Севиља, уф, многу ми се допаѓа ова место. Не можев ништо да речам освен здраво затоа што не знаев ниту еден шпански збор. Говорев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански. Се чувствував грозно поради тоа.

Беше тоа љубов на прв поглед…

Го погледнав брат ми и му реков. Ја гледаш ли нашата келнерка? Ќе играм тука за Севиља и ќе се оженам со таа девојка. Брат ми почна да ми се смее. Мислеше дека се шегувам“, вели Ракитиќ.

Ракел не паднала веднаш на неговиот шарм.

-Барав куќа во Севиља и секое утро одев во барот во хотелот за да испијам кафе и сок, но и да ја видам преубавата келнерка. Сè што знаев за неа беше дека се вика Ракел. Таа не знаеше англиски, а јас не знаев шпански, открива Ракитиќ и признава дека поради неа испил толку кафе што изгледал смешно.

Меѓу 20 и 30 пати ја повикал убавата келнерка да излезе со него, но таа не се согласила.

-Еден ден Ракел конечно ми објасни зошто не сака да излезе со мене. ‘Ти си фудбалер. Веќе следната година веројатно ќе одиш во друга држава. Жал ми е, но не можам да излезам со тебе’. Си помислив дека сигурно ме видела како играм, па помислила дека нема да бидам премногу добар и дека Севиља ќе ме продаде на лето. Поради тоа почнав да тренирам за да влезам во првиот тим. Ми требаа седум месеци да ја убедам да излезе со мене. На 20 август добив СМС-порака, ‘Во барот е со сестра ѝ на пијалак! Не работи!’ Кој ја испрати пораката, не сакам да откријам. Беше тоа нашето прво излегување, се присетува романтичниот Иван.

Иван и Ракел се во среќен брак од 2013 година и имаат две ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top