среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Заев и Шекеринска збунети на лидерската средба, немаат одговор на ниту едно прашање

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска затечени на лидерската средба, дознава „Република“. Според нашите сознанија Заев и Шекеринска дошле целосно неподготвени на средбата. Особено конфузна и нeподготвена била Шекеринска, што на моменти ги засмевало учесниците на средбата.

Во првиот дел од состанокот се покажало дека СДСМ нема одговор на ниту едно од реалните барања на ВМРО-ДПМНЕ. Дознаваме дека воопшто не станало збор за широка амнестија, како што тврдеше СДСМ дека било побарано.

Нашиот извор вели дека вицепремиерката немала познавања од законските нормативи и погрешно цитирајќи закони, покажала дека СДСМ неmа концепт ниту план за идното делување. Единствена грижа на Заев е да помине договорот со Грција, за кој е свесен дека нема поддршка од народот.

Во првиот дел од состанокот воопшто не станало збор за референдумот и за референдумското прашање.

Во тек е пауза по двочасовна дебата на втoриот обид да се одржи лидерска средба во Клубот на пратениците.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top