вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Која е дамата во бело која се гоштевала со армискиот хеликоптер? (ФОТО)

Поради големиот интерес во јавноста околу расипништвото на раководните лица на Министерството за одбрана, односно одење од кафана до кафана со армиските транспортни хеликоптери, Нетпрес истражува кои се лицата од кабинетот на Шеќеринска кои се гоштевале со армиски хеликоптер.

Извори од Министерството за одбрана за Нетпрес го откриваат идентитетот на уште еден од мистериозните патници.

Станува збор за Катерина Ставреска, шеф на Кабинет на министерката Шекеринска, нејзина блиска другарка.

Како што може да се види од следниве фотографии, освен што е љубител на панорамски летови со хеликоптер на грбот на граѓаните, може да се види дека Ставреска ужива и во бројните патувања во странство откако стана кабинетски службеник во Министерството за одбрана.

Од посетените дестинации, тука е секако неизбежниот Вашингтон, и секако сместувањето во хотелот „Брисел“, потоа Брисел, Батуми во Грузија, но и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top