петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Скандал во кабинетот на Макрон: Помошник на Макрон претепа демонстрант (видео)

Помошник на францускиот претседател Емануел Макрон, задолжен за безбедност, претепа млад учесник на првомајските протести, при што носеше полициски шлем. Ова е откриено дури неодамна, после објавување на видео-снимка, а поради овој инцидент помошникот е суспендиран на две недели, изјави денеска портпаролот на Макрон.

Опозиционите лидери, како и дел од јавноста, меѓутоа, го критикуваат Макрон, бидејќи сметаат дека казната за ваквото однесување на неговиот помошник, Александар Бенале, е премногу блага, откако на социјалните мрежи е објавена снимка, на која се гледа како Бенале влече една жена, а потоа тепа младо момче на земја.

Во одговор на критиките од јавноста, портпаролот на владата во Франција, денеска рече дека суспензијата без плата и промената на надлежноста на Александар Бенале, всушност е „најтешката“ казна, која некогаш му е изречена на некого во претседателската палата.

-Помошникот Александар Бенале, доби дозвола на протестите да присуствува само како набљудувач. Тој, очигледно, дејствуваше и надвор од своите овластувања. Веднаш доби повик од шефот на претседателскиот кабинет и доби суспензија од 15 дена. Тоа е казната за неприфатливо однесување, соопшти портпаролот Бруно Роже-Пети.

Покрај тоа, неименуван правосуден функционер, изјави дека е отворена прелиминарна истрага, поради „насилството кое го спроведе некој, кој е задолжен за мисија во јавната служба“, помеѓу другото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top