среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Сите си кажаа што им се јаде: Тајландските дечиња утре си одат дома (видео)

Дванаесетте деца од Тајланд и нивниот фудбалскиот тренер кои после 21 ден беа спасени од поплавената пештера утре ќе одат во своите домови.

– Дечињата ќе одржат прес конференција за медиумите, затоа што сакаме да го задоволиме интересот на јавноста, кажа портпаролот на Владата, Сансерн Кавекамнерд.

Дечињата и нивниот тренер беа безбедно извлечени од пештерата Там Луанг минатата недела во спасувачката операција која го привлече вниманието на целиот свет. Извлечените млади фудбалери и тренерот се наоѓаат во болница во северниот град Чијанг Раи од кога се спасени.

Властите се загрижени како на дечињата и на нивното ментално здравје после се што пројдоа, ќе влијае неочекуваната слава и интересирањето на медиумите. Затоа е одлучено утрешната конференција за новинарите да биде внимателно контролирана.

За потсетување, младиот фудбалски тим со тренерот беше скоро три недели заробен во пештерата од која не можеа да излезат затоа што нивото на водата многу се подигна поради обилните и големи врнежи. Ги пронајдоа после десетина дена живи и здрави, а само извлекувањето траеше три дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top