четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Измените на изборниот законик создаваат простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека начинот на кој СДСМ сака да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните.

– Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните, се вели соопштението на партијата.

Од таму велат дека флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата.

– Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности. ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top