вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

На повидок нов скандал во Серија А – Двајца Македонци чекаат исход за влез во италијанската елита

Само неколку дена пред да биде објавен официјалниот распоред за престојната сезона во Серија А, два клуба можат да бидат исфрлени од италијанската елита. Имено, тимовите на Киево и Парма може да бидат исфрлени од Серија А поради финансиски измами и „договарање“ на крајниот резултат на неколку натпревари.

Јавното обвинителство денеска го поднесе својот извештај по истрагата за клубот од Верона, со што се докажува дека правел финансиски малверзации и се бара да му бидат одземени 15 бода. Тоа автоматски ќе значи испаѓање во Серија Б. Обвинителството го процесуира и „случајот Парма“, и од судот бара да не им биде дозволено на „млекарите“ да се вратат во Серија А.

Најголем „профот“ од целата ситуација може да имаат тимовите на Палермо и Кротоне. Тимот на Македонците, Несторовски и Трајковски може да го заземе местото на Парма во Серија А, додека пак Кротоне ќе остане во Серија А на местото на Киево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top