среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 3 ново

Филипче и директорката стоматолог Љатиф на Геронтолошкиот завод го затвораат Центарот за декубити!

Во Геронтолошкиот завод Скопје, лицата со рани од лежење (декубити) веќе нема да да можат да бидат згрижени во посебен центар како што беше тоа досега. Имено центарот за декубити во рамки на Геронтолошки завод Скопје е затворен. Најтрagично во целата оваа ситуација е што пациентите со ваков вид проблеми имаат сериозни потешкотии, како и оние кои се грижат за нив. И наместо да продолжи со работа отворениот центар за декубити кој беше отворен во 2011 година и на истиот само да му се зајакнуваат капацитетите, директорка Салија Љатиф го укинува.

Укинувањето на центарот за декубити повлекува и распоредување на посебно обучените медицински сестри низ целиот Геронтолошки завод. Тоа значи дека пациентите кои го имаат овој проблем сега ќе ги третира било која сестра. Се разбира некои, ако може иронично да се каже, ќе имаат среќа доколку се паднат кај сестра која е обучена за третман на ваков вид на рани кои практично помалку или повеќе ги имаат сите пациенти со потешки болести кои во одредена фаза стануваат и неподвижни.

Пациентите со ваков проблем освен што беа хоспитализирани во Заводот, за истите имаше и дневна болница и домашна посета. Сега од тоа нема ништо.

Ниту директорката, ниту пак министерот за здравство Венко Филипче очигледно не се интересираат за ова. Заборавена е цела категорија на пациенти.

Македонија инаку беше единствена земја во регионот во 2011 година која имаше ваков центар за декубити, кои добиваа соодветен третман од посебно обучени сестри, како во заводот, така и во дневната болница и при домашна посета. Истиот работеше според сите Европски процедури и протоколи кои се потребни за третман на декубити.

Идејата беше да се отвори во Заводот и посебен Центар за хронични рани, во чиј склоп требаше да се направи и сала за оперирање на ганрени, со што останатите болници ќе се ослободат од ваков вид на зафати и тоа ќе се правеше во Заводот. За истиот беше набавена и дел од потребната опрема, но истата, директорката Љатиф, според информации од здравството, сака да ја врати на министерството за здравство. Исто така беше направен и идеен планза Центрот за рани, или работата беше при крај, но не виде бел ден.

Директорката Љатиф, која е стоматолог по професија, не е познато зошто го прави ова од непознавање, овие пациенти не и ни значат, сака да се најде во работа…, но зачудува фактот што нема никаква реакција за нејзините постапки од министерот Филиче кој е неврорихуруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top