вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Потона педалинка на која се возеле 5 девојчиња во Охрид, полицијата вели – не држеле баланс

Во неделата на Охридското езеро, во близина на плажата Немо, потонала педалинка на која имало 5 девојчиња. За среќа, девојчињата успеале да скокнат во водата и да се спасат, објави весникот Вечер.

Полицијата по спроведената анкета утврдила дека нема пловидбена несреќа и дека педалинката потонала поради недржење на баланс во водата.

Инцидентот се случил во неделата попладне кога девојчињата од Скопје ја изнајмиле педалинката за да се возат по езерото, а од изнајмувачот добиле само елек за сасување. Откако девојчињата се одалечиле од брегот, забележале дека педалинката почнала да се полни со вода и да тоне, по што преплашени скокнале во водата. Се вратиле назад на брегот, по што побале замена, но добиле уверување дека тоа се случило бидејќи мора да се одржува рамнотежа врз педалинката во вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top