сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Заев: Про-руски бизнисмени им плаќале илјадници долари на граѓаните на М…. за да не се појавуваат на прославата за НАТО

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денес соопшти дека според информации кои ги добил од реномирани и проверено квалитетни бајачки, про-руски бизнисмени од Грција им плаќале по 15.000 долари на сите граѓани кои сакале да одат на прославата за НАТО, со цел одзивот на прославата да биде што помал.

Заев соопшти дека биле исплаќани по 15.000 американски долари по човек.

„Добивме информации од тајни извори кои не смеам да ги кажам кои се за да не ми се смеете дека слушам бајачки. Информациите се дека на повеќе од 600.000 граѓани на М…на нашата земја или слично, им биле плаќани на рака илјадници илјадници долари за да не се појават на концертите кои ги организираше владата и кои доживеаа фијаско.“, соопшти Заев на вонредна прес-конференција на која најави дека ќе ја дознаеме вистината за дебаклот на прославата на владата.

„Тоа го сториле про-руските агенти за да има мал одзив на големата прослава за да изгледа дека граѓаните на М… на нашата земја не сакаат промена на името што не е точно, јас сум уверен дека цела Македонија едвај чека да го смениме името“, изјави Заев.

Заев призна дека после фијаското на прославата наречена „НАТО-Фест“ бил во тешка депресија која ниту ефтиното пиво на пиво-фест во Прилеп не го излечила, па свикал вонреден состанок на Владата и потесното раководство на СДСМ во 3 часот наутро. На тој состанок по барање на главниот фејсбук стратег на владата Марјан Забрчанец била викната позната бајачка која имала доверливи информации за дебаклот на концертите. Бајачката замолила да се угасат светлата во владата, запалила миризливи стапчиња и ги замолила сите да се фатат за раце и да повторуваат „Ху-баба-ху… Ху-баба-ху… нато-е-у… ху-баба-ху…“. После 30-тина секунди паднала во транс и започнала да зборува на руски јазик „рас-пу-тин… сто-лич-наја… “ на што изреагирал Шилегов кој радосно извикал „Смирноф!“ после што бајачката се разбудила и ги соопштила доверливите информации за фијаското на прославата.

Од владата информираат дека според нивните пресметки 600.000 граѓани биле поткупени да не одат на прославата, а уште 500 илјади не отишле затоа што не добиле пари од про-руските бизнисмени и агенти како другите 600.000 што кога ќе се додаде на оние кои отишле на прославата се доаѓа до бројка од 1.102.987 граѓани кои ја поддржуваат промената на името.

„Сега можам да спијам мирно бидејќи знам дека промената на името не е доведена во прашање, туку дека сето тоа било диверзија на про-руски бизнисмени и агенти. Мирно можат да спијат и граѓаните бидејќи им потврдувам дека остануваме посветени на борбата за промена на името на земјата“, додаде премиерот на м…. на нашата земја.

Од владата соопштија дека во понеделник ќе соопштат колку пари и платиле на бајачката за овие доверливи информации.

Ајварка Пиперка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top