понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

За нив 700 – баталјон полиција! (ФОТО)

Околу 700 членови на навивачката група „Комити“ и граѓани вечерва со протестен марш го искажаа своето незадоволство и гнев за неправдата која се случува во целиот процес на истражување на случајот за прерано починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на Клиничкиот центар во Скопје им подлегна на повредите.

Мирниот и достоинствен марш за „Правда за Саздо“, започна на плоштадот во Автокоманда, оттаму, учесниците на маршот се упатија кон Основното јавно обвинителство, а завршија пред МВР, каде ги пречека огромен број на полициски сили.

Учесниците на маршот побараа институциите да си ја завршат својата работа професионално, да ги најдат и казнат оние кои го претепаа  до смрт Саздовски, за, како што рекоа, никогаш повеќе да не се случуваат убиства по македонските улици.

Отецот Ивица Тодоров, кој се обрати пред Основното јавно обвинителство, порача дека со соодветната казна за сторителите ќе се спречи идно пролевање крв на младите во Македонија.

– Тука сме собрани со една мисла. Повеќе во Македонија да нема невини жртви, да нема убиства по македонските улици без разлика од која страна доаѓаат, рече тој. Тодоров додаде дека од овој протестен марш Македонците покажале дека имаат достоинство и почит и оти тоа го бараат и од другите.

ФОТО: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top