вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Дваесет години без Ненад: Си викав, ако некогаш станам глумица сакам со него да играм…

Минаа 20 години од загубата на македонскиот театарски и филмски бард Ненад Стојановски. Врвен уметник на сцената, пример за многу негови колеги, пријател, сопруг и татко на две ќерки. Сè уште тлее болката од
неговата прерана загуба, како кај неговото семејство, така и кај пријателите и колегите.

Актерката и негова тогаш помлада колешка Весна Петрушевска се присетува на времињата од нејзината
младост во кои Ненад бил нејзината прва замислена љубов, нејзиниот прв креш на глумец. Се присетува на
нејзините претстави заедно со Стојановски каде што тој се појавувал како продуцент.

Имав 12 години кога прв пат го видов Ненад Стојановски во живо на сцена ,  се играше Хај -фај , седев во првиот ред и знам дека од толку што бев подзината , устата ме болеше.  Ненад беше мојот фраер во тинејџерството, мојата прва замислена љубов,  мојот прв креш на глумец….  Си викав , ако некогаш станам глумица сакам со него да играм… Подоцна дознав дека сите сакаа да играат со него…се сеќавам дека прекинував проба за да се напијам кафе во бифе со него , се сеќавам дека бевме во Котор со една претстава тој како продуцент ,  јас играв …. Ана и Јана беа мали и беше неверојатно трпелив и нежен татко….

Оној негов длабок сув вокал ден денес ми зуи во ушите без разлика колку време помина… Така голем, толку прекрасен, со таа убава широка насмевка…..кога ќе излезеше на сцена ја имаше таа моќ,  што само него го гледаш ,  другите се само некои кои минуваат покрај него ….. Гибнат од Бога…..прекрасен,  преубав , преталентиран….      недостасуваш….

Петрушевска пишува дека театарот за Ненад претставувал сè. Сите се вљубувале во него на прв поглед.
Петрушевска присетува на пробите во кои таа заедно со Игор Џамбазов и Тони Михајловски си раскажувал
приказни за Ненад.

Прочитајте го целиот текст на Мој сајт 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top