сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

20.000 луѓе може да останат без куќа во Црна Гора

Сопствениците на 20.000 куќи и викендици во Црна Гора, а се државјани на Србија, можат да останат без имот ако денеска не ги предадат соодветните документи за легализација, пишува српски „Курир“.

Ако барање се поднесе надвор од рокот, општината ќе стави хипотека и тоа ќе биде гаранција дека ќе бидат платени комуналиите.

Но, на удар не се само Србите, туку вкупно 100.000 граѓани.

Од ова Владата на Црна Гора ќе добие прилив од 40 милиони евра.

Поднесени се 30.165 барања, а според законот во земјата бесправното градење е кривично дело за кое следи казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top