четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Над сто лица биле оставени заклучени: Деца мигранти се задушија во бродски контејнер

Осум мигранти, од кои поголемиот број деца, се задушија во бродски контејнер полн со мигранти во градот Зувара, соопштија либиските власти.

Градските безбедносни служби на „Фејсбук“ објавија дека шест деца, жена и маж, биле меѓу 100 мигранти во заклучениот контејнер подолго време. Останатите мигранти биле пренесени во болница.

Ова е последна трагедија во Либија каде трговијата со луѓе е во пораст поради беззаконието кое владее од побуната во 2011 година во која беше убиен долгогодишниот лидер на земјата, Моамер Гадафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top