среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Фински весник ги повика Путин и Трамп да ја почитуваат слободата на печатот

Финскиот весник „Хелсинкин Саномат“ резервираше десетици огласни табли на патот го минаа претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин од аеродромот до центарот на Хелсинки, за да ги повика да ја почитуваат слободата на печатот.

– Добредојдовте во Финска, земјата на слободниот печат. Лоши работи им се случуваат на новинарите кои му поставуваат прашања на Путин, пишува на огласните табли, кои беа поставени на англиски и руски јазик. Некои од таблите, пак, содржат навредливи коментари за Трамп.

Со ова, најтиражниот фински весник го обвини Путин за ликвидирање на новинарите кои го критикуваат неговиот режим, а Трамп за честите расправии со медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top