среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Казна од 155 евра или 160 часа општокорисна работа за вчерашниот упад во финалето на Мундијалот (видео)

Руските власти покренаа обвинение против членовите на панк групата „Пуси Рајот“ за „кршење на правата на гледачите“ и за незаконско носењеат полициски симболи по вчерашниот упад на теренот кога на кратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство.

На нив им се заканува казна до 11.500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часа општокорисна работа, објави новинската агенција Интерфакс минатата ноќ.

Тројца мажи и една жена во полициски униформи предизвикаа кус прекин со упадот во 52 минута од натпреварот Франција- Хрватска на стадионот Лужники во Москва, кој го следеа 81.000 гледачи.

Членовите на групата денеска презедоа одговорност за упадот.

Мечот продолжи по само една минута откако брзо интервенираше обезбедувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top