петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Сите зборуваат за Колинда

Нема сомнеж дека Колинда Грабар Китаровиќ вчера беше во центарот на вниманието на доделувањето на медалите на фудбалерите во Русија. Прво излезе на терен држејќи се за рака со францускиот претседател Емануел Макркон, што делуваше неформално отколку што би требало да биде на ваква свеченост, а потоа следеше плејада на прегратки, солзи, бакнежи…

Ниту ненадејниот дожд не ја спречи, таа остана облечена во дресот на Хрватска, покрај Путин и Макрон, кои беа во костумини и ги прегрнуваше сите фудбалери, судии и членови на стручниот штаб на двете репрезентации.

На крајот се дофати и до пехарот, кој исто така го бакнуваше.

Нејзиното однесување на твитер не помина незабележано и таа е главна тема на оваа социјална мреца. Однесувањето на првата дама на Хрватска беше оценето како симпатично.

– Браво за хрватската претседателка. Никогаш не сум видел така некој да го прегрнува секој кој учествувал во фудбалското финале. Светските лидери треба да научат како оваа дама се смее од срце дури и кога губи. Хрватската претседателка е победничка. Дрес, дожд, уништена фризура, а нејзе баш и е гајле – беа некои од коментарите.

Некои беа и одушевени.

– Поради прегратката на убавата Колинда би трчал до Москва, Хрватската претседателка е најпрекрасната личност, бидејќи секому му даде цврста прегратка – пишуваат на твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top