сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Мицкоски: Доаѓаме и никој не може да не сопре!

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци се одржа протестен марш. Пред присутните се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој рече дека Македонија е името кое гордо звучи и се разликува од другите.

– Немаме друга алтернатива. Немаме избор и мора вака да биде. Ако погледнеме во минатото ќе видиме дека единствен избор е да веруваме во себе и во сопствените капацитети. И да сме свесни дека од нас самите зависи како ќе живееме. Мора да се бориме и да имаме визија. Мора ние самите да го направиме нашиот живот достоинствен. Знаеме како, ќе работиме секој ден макотрпно додека не ја реализираме нашата цел. Да ги направиме граѓаните на оваа земја горди и достоинствени граѓани на Република Македонија, со дигнати глави. Без разлика на нивната професија, етникум, образование, нагласи Мицкоски.

Упати критики кон премиерот Заев и власта за дипломатијата, економијата, здравството, образованието. За земјоделството рече дека е на најниско ниво бидејќи, како што нагласи, уште се чекаат отштетите од невреме, а земјоделците се незадоволни од пласманот на земјоделските производи.  Се осврна и на компаниите „Еурокомпозит“ и „Колска“ за кои рече дека власта ветила трајни решенија и повторна работа, а ветувањата не биле исполнети. Посочи дека во Министерството за здравство нема ниту една реформа и проект.  Мицкоски рече дека промени можат да се случат благодарение на народот на предвремени парламентарни избори.

– Светлината на надежта е Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, кое гордо стои исправено, и вели „доаѓаме“. И никој не може да не сопре, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top