среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Ахмети за „Ора њус“: Иванов греши, можно е законот за јазици и договорот со Грција да стапат во сила заедно (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за тиранската телевизија „Ора њус“ изјави дека се работи на стратегија чија цел е конечно да стапи во сила законот за јазиците, а непотпишувањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов го оценува како негова голема грешка.
– Употребата на јазиците може да се очекува и ратификува, но мислам дека постои важен момент, дури и заедно во пакет и законот и Договорот со грчката страна да стапат во сила заедно. Ние разработуваме стратегија за да биде еден успешен чекор, изјави Ахмети.

Тој зборува и околу името на Република Македонија, нагласувајќи дека Албанците биле вклучени и оти ги дефинирале имињата што ќе ги сметаат за неприфатливи.

– Албанците беа длабоко ангажирани во овој процес за да се постигне компромис со грчката страна. Како што е познато, решавањето на прашањето за името беше еден од главните услови како на ЕУ така и на НАТО, бидејќи Грција има право на вето, па без решавање на проблемот со името сигурно проблемот ќе ни претставуваше пречка и понатаму. Албанците беа дел кој придонесе за решението, но тие не беа дел од проблемот. Албанците се задоволни, тоа е прифатливо за нас. Ние кажавме со кое име нема да се согласиме, а тоа Национална Република Македонија или Република Славо-Македонија, така што со тоа ја запознавме јавноста и меѓународната дипломатија, вели Ахмети.

Поканата за НАТО што ја доби Македонија, Ахмети ја оценува како позитивна вест за целиот регион.

– Поканата што и се дава на Македонија за членство во НАТО претставува историски момент за мирот во регионот, за стабилноста во Република Македонија, за меѓуетничките односи во Македонија. Секако дека членството на Македонија во НАТО е важен момент за двете најголеми заедници, Македонците и Албанците, бидејќи мирот, стабилноста и безбедноста се од витално значење за нас во Македонија, но ито така тоа е голема придобивка и за целиот регион на Западен Балкан, смета Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top