сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 64 ново

Како ќе ги пречека Хелсинки Трамп и Путин (ФОТО)

Рутата по која ќе се движат претседателите на Русија и САД се наоѓаат билборди на кои се испишани пораки "Добродојдовте во земја на слободни медиуми"


Најголемиот фински весник Helsingin Sanomat на посебен начин им посака добредојде на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин пред нивната средба која ќе се одржи во Хелсинки.

Рутата по која ќе се движат претседателите на Русија и САД се наоѓаат билборди на кои се испишани пораки “Добродојдовте во земја на слободни медиуми”

Освен тој слоган, весникот одлучил Трамп и Путин да ги поздрави со насловите на нивните новини. На рутата до Претседателската палата, каде што ќе се одржи самитот, поставени се околу 300 наслови.

Сите наслови се преземени од Helsingin Sanomata и нудат осврт на турбулентната врска на двајцата претседатели со медиумите од 2000 го 2018 година.

“Ова е направено во име на критичното новинарство и новинарство со висок квалитет. Додека ги пречекаме претседателите, сакаме да ги потсетиме на важноста на слободата на медиумите.

Медиумите не би требало да бидат под капа на претседатели или режими”, рекол Каиус Ниеми, еден од уредниците.

Инаку Helsingin Sanomat е весник кој има најголен број претплатници во нордиските земји

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top