вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Сопругот на Вилијамс: Мислев ќе умре, а таа играше финале на Вимблдон

Серена Вилијамс вчера играше во финалето на Вимблдон, десет месеци откако животот сериозно ѝ бил загрозен.

Ова го откри нејзиниот сопруг Алексис Оханјан, кој изјави дека стравувал дека таа може да умре откако ја роди нивната ќеркичка минатиот септември.

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња немаше шанси против Ангелика Кербер во финалето и загуби со 3:6, 3:6, но Оханјан го поздрави нејзиниот храбар камбек по операцијата што ѝ го спасила животот.

„Неколку дена по раѓањето на нашето девојче, ја бакнав Серена за збогум. И двајцата не бевме сигурни дали таа ќе се врати жива од операцијата. Само сакав да преживее. Десет месеци подоцна, таа е во финалето на Вимблдон“, стои во емотивниот пост на Оханјан на Инстаграм.

Алексис Олимпија се роди во септември и Серена потоа беше подложена на серија операции за отстранување на крвни згрутчувања.

„Нашето семејство знае дека таа ќе освои уште многу трофеи. Таа само што почна и ние не можеме да бидеме погорди“, додаде коосновачот на социјалната мрежа Редит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top