четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Заев да ти бил македонскиот Ѓоковиќ (ФОТО)

Владиниот пиар работи и кога не работи. Иако не му е работа да не засмејува за наши пари, ете, и тоа го работи. Поранешниот новинар, а сега раководител на тимот за комуникации, отчетност и транспарентност во Министерството за пропаганда на Роберт Поповски, Зоран Бојаровски, денеска си го спореди шефот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се враќа на тениската сцена по падот во кариерата и го освои Вимблдон.

Паралелата е нејасна, но не се сомневаме дека владиниот пиар во најскоро време ќе ни објасни како тоа Заев е македонскиот Ѓоковиќ. Кога бил на врвот на кариерата, па паднал и еве сега се издигнува бакнувајќи го пенкалото на Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top