среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ и кога е во опозиција работи повеќе од властa, доказ за тоа е Митко Јанчев

ВМРО-ДПМНЕ дури и кога е во опозиција повеќе работи од овие кои се власт со сите свои министерства. Доказ за тоа е Митко Јанчев, кој покрај сите препреки, опструкции, гради создава овде во Кавадарци, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на протестниот марш токму во тој град.

– Со скромни средства се бори против цела една армадила на власт која гледа на секој начин да одмогне. Па дури и во вакви услови се спроведе отворање на нова концертна сала, се направи нов кружен тек, нова опрема за коумуналното претпријатие, пожарникарската служба, асфалтирани се над 15.000 метри квадратни улици и поплочени се нови над 20 000 метри квадратни локални улици. И многу дурги работи за подобро Кавадарци, додаде Мицкоски од Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top