сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Трамп на партија голф во Шкотска: Демонстрантите му скандираа, тој им ги мавташе (видео)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска играше голф на терен што го поседува на западниот брег на Шкотска, пред да замине во Финска на самитот со рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс. Агенцијата објави дека овој самит би можел да падне во сенка на обвинението за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

Ројтерс вели дека Трамп за време на партијата голф носел безбол капа со зборовите: „USA“ и во еден момент почнал да им мавта на десетиците демонстранти што, собрани на само неколку стотини метри од плажата зад теренот на Трамп во Турнбери, извикувале „Не Трамп!“.

Ројтерс наведува дека изгледа дека Трамп им рекол нешто на демонстрантите, на што тие возвратиле со извици на негодување.

– Стигнав во Шкотска и ќе бидам во Трамп Турнбери со состаноци, повици и, се надевам, нешто голф – мојата главна форма на вежбање! Времето е прекрасно, а ова место е неверојатно! Утре одам во Хелсинки за да в понеделник да се сретнам со Владимир Путин, напиша денеска американскиот претседател на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top