сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Тешка сообраќајка кај Битола – Маж кој се превезувал во приколка на трактор загинал на лице место

Б.Т. (52) од Битола загина вчера во тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Битола-Демир Хисар, кај селото Лисолај.

Во несреќата учествувале трактор со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П. (39) од село Доленци и товарно моторно возило „сканија“ исто така со битолски ознаки управувано од П.И. (43) од Демир Хисар.

Б.Т. бил сопатник кој се превезувал на приколката од тракторот.Извршен е увид на местото на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top