среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Мицкоски: Не се бацува пенкало, се бацува името на сопствената земја

Летото за Македонија денеска продолжува во Кавадарци. Неколку илјади кавадарчани изегоа на протестниот марш што го организира ВМРО-ДПМНЕ да им кажат НЕ на погубните политики на оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев. Незадоволните граѓани се собраа на плоштадот „Сашко Гешоски“, а откако поминаа низ градските улици пред нив се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Еден политичар кој за себе говореше дека бил изгубен во времето и го барал семето, молејќи да не му ја чепкаме гитарата и жиците од гитарата, колнејќи се во дедовината, татковината и во сопствените деца, онака мртов ладен, без око да му трепне, тој истиот го слушаме како сакајќи да ја ослови нашата земја при настап на една грчка телевизија му се испушти зборот М и му беше срам, се сепна, не знаеше да го изговори. Ајде да му помогнеме. Тоа на М е Македонија. 

Мицкоски рече дека е жално како овој човек од ден на ден се понижува и себе си и нас, и како самиот запаѓа од еден во друг проблем. Како да нема некој близок до него да му каже доволно е, полека, пенкало не се бацува, се бацува името на сиопствената земја, таа што те школувала, таа што те одгледала, таа што ја водиш како премиер. Покажи малце достоинство, немој да се понижуваш како чирак во македонските народни приказни.

-Македонија тоа звучно име кое не разликува од другите, кое ни ги зголемува страдањата, ама со гордост го носиме, а гледаме на оној кој прв треба да го брани тешко му е дури да го изговори. Но затоа ВМРО е тука. Македонија, буквите за кој пишувале великани, Прличев, Мисирков, Коневски, името под чиј бајрак гинеле мажишта, се собрале и илинденците и партизаните за да го имаме ова што го живееме денес.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top