четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Ова е „големата граѓанска прослава“ во Охрид (ФОТО)

Очајна посетеност на, како што ја нарекоа од Влада „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“, во Охрид. Во Охрид „прославата“ почна прва, а меѓу малкуте присутни граѓани беше и министерот за здравство Венко Филипче.

Преслабата посета на граѓаните испрати јасна порака. „Радувај се Македонијо“ на Заев не му успеа.

Владата реши да организира прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип.

Најголем дел од коментарите околу оваа одлука на Владата се негативни, граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме.

Изминативе денови граѓаните реагираа до Владата и изведувачите: „Го прославувате предавството на Македонија“, „Заев ја продаде државата, па сега слави“, се само дел од реакциите на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top