сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија

Најмалку 6 лица починаа, а над 1.500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.

Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои области термометрите забележаа 39 степени.

Минатата година поради жештини во земјата починаа 44 лица. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top