среда, 15 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Фраер од Пехчево го оставил автомобилот сред улица и заминал в кафана

Дваесет и осумгодишен жител на Пехчево, синоќа околу 23.30 часот, го оставил својот автомобил на улица и отишол во кафеана. Полицајците откако забележале застој во сообраќајот го нашле младиот пехчевец, но тој се спротиставил и почнал за кошулата да влече еден од полицајците.

-На 13.07.2018 година во 23.30 часот,  при преземање на службени дејствија за регулирање на сообраќајот од страна на полициски службеници од Полициска станица Берово пред угостителски објект на раскрсницата помеѓу улица „Јулија Веселинска“ и улица „Гоце Делчев“ во Пехчево, забележале  застој во сообраќајот и патничко моторно возило „БМВ“ кое било оставено на улица и работело, додека лицето кое го управувало А.М.(28) од Пехчево бил во угостителскиот објект. Откако на лицето му било укажано да го тргне возилото истиот им упатил навреди на полициските службеници по што во еден момент започнал да влече еден службеник за кошулата. Лицето е приведено, извршено му е алкотеститање и е утврдено присуство на алкохол во организмот по што му е укажана лекарска помош во Здравствен дом Берово. Потоа, А.М. е задржан во Полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top