сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 13 ново

Момче со повреда од куршум во стомакот пренесено во Градската болница

Синоќа во 23.00 часот од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во село Арачиново, во чајџилница на улица”10′ каде бил како гостин 23 годишниот Е.И истиот бил повреден од залутан проектил, соопшти полицијата.

Лицето е префрлено во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” каде му е укажана лекарска помош и констатирана му е површинска повреда од залутано зрно во пределот на стомакот.

Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top