четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Бебе е тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Пет месечно бебе е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје на улицата Коце Металец.

Бебето е пренесено во клиниките „Мајка Тереза“ каде што е задржано на лекување.

Полицијата соопшти дека бебето за време на несреќата се наоѓало во „цитроен” со скопски регистарски ознаки со кој управувал од М.Т. (38). Другиот автомобил „форд фиеста” кој учествувал во судирот го управуал Е.Н. (36) двајцата од Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top