понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Сите болни задолжително мора да направат една работа: Денеска ги славиме браќата Козма и Дамјан

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благо¬дат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила.

Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козмо и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top