петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 71 ново

Teшка сообраќајка на патот Битола – Демир Хисар, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што претпладнево во 10 часот и 10 минути се случи на регионалниот пат Битола – Демир Хисар на излезот кај селото Лисолај.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката настанала при судир на камион и трактор и оти загинал совозачот кој се наоѓал во тракторот.

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај е во прекин, а екипи на СВР-Битола и други надлежни институции вршат увид и ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top