понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 50 ново

Нема да дозволиме владата да се мајтапи со граѓаните: СДСМ ја бојкотира прославата за 20 години од независноста, но крие колку ќе потроши за бришење на името


СДСМ на големо се подготвува да слави дипломатски пораз, а додека беа во опозиција ги одбегнуваа сите прослави кои ја величеа самостојноста и државноста на Република Македонија. Тогаш од позиција на дежурни критичари, ја обвинуваа владата на Никола Груевски дека троши народни пари за  приватни журки, иако се работеше за општонародни прослави кои  ја славеа државата. Сега кога на големи ѕвона се слави продажбата на името на државата, тие избегнуватат да кажат и обелоденат колку ќе чини прославата на ова велепредавство. Превозот, бината, озвучувањето, осветлувањето и хонорарите на пејачите  и сето тоа во 15 градови истовремено, сигурно е дека ќе чинат многу, многу повеќе од две театарски претстави, како што најави премиерот Зоран Заев.

Од опозиција Јани Макрадули од СДСМ во 2011 година на прес конференција по повод славењето на 20 години државност на Македонија, обвини дека објавените трошоци за прославата од 90.000 евра се смешни.

-Скандалозно владино соопштение со кое јавноста беше информирана дека прославата на 20 години самостојност на Македонија чинела само 90.000 евра. Сакаме на почетокот на бидеме јасни. Сметаме дека едена ваков значаен јубилеј како 20 годишнина од самостојноста на Макеоднија навистина треба да се одбележи и прослави на свечен и достоинствен начин со повеќе содржини, но нема да дозволиме владата да се мајтапи со граѓаните. Очигледно е дека владата сака да ги сокрие вистинските трошоци што само ги зголемува сомнежите дека некој и од оваа прослава дебело се офајдил на грбот на граѓаните и тоа полека, но сигурно ќе излезе на виделина. Исто како со спомениците од Скопје 2014. Само организираниот автобуски превоз на партиските активисти и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од 83 општини чини повеќе од 100.000 евра. Ако на ова ги додадеме трошоците кои се однесуваат на изнајмувањето на трите бини со озвучување, осветлување, брендирање на позадина, преносот во живо, изнајмување на билборди, изработка на тв спотовите и медиа закупот сумата од 90.000 евра која ја соопшти владата е повеќе од смешна. Да не ги споменуваме, огнометот, огласите во весниците, печатените материјали,  или хонорарите на креативниот тим за осмислување на прославата кој го промовираше министерката за култура. Колку и да се обидува Владата да сокрие јасно е дека зад партиската прослава на плоштадот се потрошени милионски суми народни пари. Владата во соопштението тврди дека  сите пари се потрошени во законски постапки и со целосна транспарентност. Бидејќи бирото на јавни набавки, иако има законска обврска нема објавено ниту една постапка или договор поврзан со прославата. Ја повикуваме министерката за култура Елизабета Канческа Милеска како носител на одбележувањето на јубилејот да ги објави сите постапки и договори поврзани со прославата на плоштадот. Ако владата нема што да крие веднаш ќе бидат објавени сите договори и постапки поврзани со прославата на 20 годни самостојнсот.Се надевам дека за прославата не е исчезната документацијата како што беше случај со дел од проектите за Скопје 2014, па министерата нема да излезе со парзни класери, туку навистина ќе ги покаже документите, бидјеќи тоа им го должи на граѓаните- рече Макрадули во 2011 година.

Истите прашања на Макрадули, поставени во 2011 година, кога се прославуваше независноста на Република Македонија, може и треба и мора да им ги одговори на граѓаните денеска, кога се подготвува да го прославува историскиот пораз на независна Македонија. Граѓаните нема да дозволат владата да се мајтапи со нив и зад превезот на поканата за членство во НАТО, каква што не доби ниту овојпат Македонија, да прави предрефендумски пирови.

Да бидеме јасни, како што рече тогаш Макрадули, оваа забава е почеток на предвремената кампања на власта за референдумот.

Зошто референдум кога Заев го решил името – дали Заев и власта подготвуваат фалсификат на референдумот?

 

Сега кога ситуацијата е обратна, кога СДСМ е на власт и ВМРО ДПМНЕ од опозиција, но и граѓаните прашуваат колку чинат денешните бесмислени прослави, власта нема одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top