понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 51 ново

Паника кај „огнените“: Пет првотимци прескокнале тренинг пред финалето на Мундијалот!

Фудбалерите на Хрватска утре го играат најголемиот и најважниот меч во историјата на оваа држава. Тие се изборија за финалето на Светското првенство во фудбал, каде ќе се сретнат со Франција, а воочи тој меч, „огнените“ се соочуваат со проблеми.

Имено претпоследниот тренинг воочи дуелот со „триколорите“ го пропуштиле дури пет првотимци кои имаат повреди, па хрватската јавност е загрижена дали ќе бидат поготвени да се спротистават на Мбапе, Гризман, Погба и нивните соиграчи.

Се работи за Иван Стринич, Шиме Врсаљак, Иван Перишиќ, Даниел Субашиќ и Дејан Ловрен, кои се пожалиле на повреди. Кадровската ситуација не е многу добра, заморот го зеде данокот. Сепак лекарскиот тим на репезентацијата на Хрватска не очајува, бидејќи е уверен дека ќе успее да ги закрепне овие фудбалери до утре. Јасно е дека ниту еден играч не сака да го пропушти најважниот меч во кариерата, и дека ќе сторат се да истрчаат на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top