петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 74 ново

Преспанскиот договор стигна до грчкиот суд и до Доналд Трамп

Највисокиот административен суд во Грција, вчера имал средба со пан-македонските асоцијации кои бараат суспендирање на договорот за името потпишан минатиот мсец во Преспа.

На седницата претседаваше Атанасиос Рандос.

Околу 50 членови на здруженијата кои го оспоруваат договорот се собраа пред судот.

Според договорот потпишан меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во регионот Пресвејско Езеро на 17 јуни, ПЈРМ ќе биде преименувана во Северна Македонија и ќе направи промени во Уставот.

Заокружувањето на договорот ќе трае неколку месеци, бидејќи двата парламента мора да ја ратификуваат спогодбата како и да се одржи референдум во Македонија.

Панмекедонските здруженија кои се противат во името да стои терминот Македонија“ со писмо се обратија и до Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top