петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 72 ново

45 возила за 1,7 милиони евра: Владините функционери ќе се возат во луксузни пасати

Четириесет и петте возила ќе се купуваат на оперативен лизинг, во наредните три години, граѓаните овој луксуз ќе ги чини 1 милион 779 илјади евра, или 40.000 евра по возило, јавува Алфа телевизија.

Власта ќе потроши над 1,7 милиони евра пари на граѓаните за да си купи нови возила, од најлуксузната верзија на германската марка фолксваген – пасат. Договорот е склучен минатата недела, на 6 јули.

Во име на Владата стои потписот на директорот на Службата за општи и заеднички работи, возилата ги пазариле од Порше, документите се објавени на страницата за јавни набавки.

Тендерот е распишан во мај годинава, а на него се пријавила само една компанија која е и избрана за набавката.

45-те возила ќе се купуваат на оперативен лизинг, во наредните три години, граѓаните овој луксуз ќе ги чини 1 милион 779 илјади евра, или 40.000 евра по возило. Во договорот стои дека сите автомобили се луксузни, односно репрезентативни, што значи дека во нив ќе се возат ВИП личности. Во Службата за општи и заеднички работи не откриваат за кого се купуваат нови луксузни пасати. За Алфа тие го цитираат законот кој се има право на користење на владини возила. Не е познато зошто е потребно ваков дополнителен трошок од буџетот, кога власта цело време тврди дека возилата кои ги имаат гарантираат безбедност за државните функционери и странските делегации.

И додека власта ќе троши милиони за скапи коли, мерцедесот ц 600 гард собира прашина во гаражата на СОЗР. Познатиот „тенк” е во употреба само за високи гости, но и тогаш власта се обидува невешто да го сокрие „мерцедесот” од јавноста, менувајќи регистарски таблички на возилото. Владиниот мерцедес, е единственото блиндирано возило кое го има Република Македонија, а ги исполнува највисоките безбедносни протоколи согласно светските стандарди. Сепак за успешен пиар на владата, „тенкот” останува во гаража, новата скромност на домаќините на Илинденска ќе ја чини државната каса над 1,7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top