петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 41 ново

Ги чувале тригодишните близнаци во дрвен кафез додека се на работа

Во кафезот направен од штици немало ниту играчки или перниче за да има каде да седнат тригодишните момчиња. Тие биле разделени со преграда за да не може да се допираат . Полицијата добила анонимен повик и влегла во куќа во местото Апарецидина , во бразилската држава Еспирито Санто. Дечињата биле заклучени со синџир на вратата од кафезот и со катанец.

Децата им биле одземени на родителите и биле сместени во прифатилиште. Родителите , откако биле приведени се правдале во полициската станица дека имале многу работа во полето и морале да ги чуваат децата врзани . Тие се обвинети за малтретирање на сопствените деца.

Шефот на полицијата Сонимаркос изјави :,, Родителите, кои се фармери , ни рекоа дека ги чувале момчињата во дрвената кутија за да може да ги извршуваат работите дома и во полето.” На телата на децата немало знаци на физичко насилство .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top