петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 74 ново

Ципрас: Многу добро знаат дека со договорот нема признавање на нацијата (ФОТО)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го обвини Зоран Заев и неговата владата дека лажат во врска со договорот, потенцирајќи дека се лаги тврдењата на македонската влада дека со договорот биле зачувани македонскиот идентитет и јазик. Владата на Заев од петни жили се обидува да не убедии дека извојувала историска победа, со која ги одбранила идентитетот и јазикот. Провладините медиуми се обидуваат да го прикажат поразот како победа.

„Тие инсистираат на лагата дека Грција прифатила македонска нација и јазик со договорот. Тоа е лага, многу добро знаат дека никаде во договорот не се признава македонска нација. Има признавање на националноста“ – вели грчкиот премиер Алексис Ципрас на својот официјален Твитер профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top