петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 56 ново

Колку заби сте изгубиле досега – тоа кажува колку долго ќе живеете

Број на забите кои сме ги изгубиле може да биде добар показател за предвидување на должината на животот.
Според една студија луѓето што ги имале сите заби до 74 години имаат поголема шанса да живеат 100 години.

Оние, пак, кои изгубиле пет или повеќе заби до 65 години, најверојатно, ќе страдаат од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и остеопороза, кои можат да влијаат значително на должината на животот.

Сите овие болести се поврзани и со квалитетот на животот на поединецот, нивниот социо-економски статус, но, исто така, и со стресот.

Експертите истакнуваат дека е потребно да се четкаат забите двапати дневно, наутро и навечер со паста за заби со флуор, да се намали внесувањето шеќер и слатки пијалаци и да се посетува стоматолог редовно.

Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец.

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица.

Апсолутно да! Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока.

Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите.

Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top