среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Не личеле на професионалци: Билд открива што се случувало во таборот на Германците

Репрезентацјата на Германија стигна во Русија со титулата првак во светот и со намера да го потврди успехот постигнат пред четири години. Наместо тоа, доживеа два порази и речиси на среќа ја победи Шведска. Германците се вратија дома по групната фаза.
Билд денес открива некои неверојатни детали од Мундијалот и се што се споменува ниту малку не личи на професионален однос на фудбалери, посебно репрезентативци.

Како што тврди Билд, челниците на Фудбалскиот сојуз на Германија морале да им го исклучуваат безжичниот интернет во раните утрински часови, бидејќи играчите не оделе на спиење туку играле ФИФА.

Исто така во репрезентацијата владеела негативна атмосфера. Односот помеѓу фудбалерите не бил најдобар.

После сево ова не е никакво чудо што Германците брзо се вратија дома, а на селекторот Јоаким Лев му преостанува да го склопи новиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top