четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 41 ново

Ако се оди на референдум, мора да има јасно прашање

Референдум може да распише парламентарно мнозинство. Тоа значи 61 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратеник за да го спречи тоа. Ако Владата одлучи дека ќе распише референдум, може да го направи тоа.

Oва во вечерашното интервју за „Јади бирек“ го изјави лидерот на опозиицјата Христијан Мицкоски. Во однос на предлогот на водителот дека ВМРО-ДПМНЕ може да го бојкотира референдумот, Мицкоски потенцира дека тоа се методологии кои партијата ќе ги има на располагање.

-Ќе одлучуваме во согласност со оние дејства и акции кои што ќе ги има владата, објаснува лидерот на опозицијата.

Потенцира дека ако ВМРО-ДПМНЕ било комплетно исклучено од процесот на преговарање и договарање, но и од процесот на креирање на референдум, тогаш не може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да сподели одговорност, односно да биде дрво декор.

-Ако се одлучи да се оди на референдум, најпрво мора биде фер и демократски, да има јасно и дефинирано прашање кое што ќе биде едносмислено, не дво или тросмислено. Целокупната процедура мора да биде фер и демократска и мора да бидат запазени двата кумулативни услова, излезеноста, минимум 50 % + 1, и оние кои што ќе изгласаат „за“ да биде минимум 50 % + 1, појаснува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top