четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 41 ново

Ќе се гради ли воопшто нов Клинички центар?

До каде е клиничкиот центар што СДСМ го запре, а вооедно ветуваа дека ќе го градат, запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Јади бурек“ која се емитува на ТВ Сонце. Истакна и дека граѓаните се тие кои ги плаќаат штетите од ваквото неодговорно работење.

-За изграбда на нов Клинички центар, СДСМ немаа проект. За тој проект се обезбеди финансирање, се потпиша договор, дојде нова влада им требаше една година да мислат што да прават, како да прават, како да го поништат и го поништија. За тоа сега државата ќе плаќа пенали и тие пенали ќе ги плаќаат граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Тој во своето гостување истакна дека СДСМ, Клинички центар сакаше да го премести во Бардовци, но,  јавноста веќе неколку месеци нема слушнато што се случува со тој проект.

Мицкоски истакна дека тој се засрамил кога прочитал за статијата дека Холандски средношколци го чистеле Клинички центар од ѓубре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top